По примерот на Microsoft - Србија, MediaDotCom е ангажирана од страна на локалната канцеларија на Microsoft во Босна - Фебруари 2011
По одличните препораки и докажаните квалитети, услугите на MediaDotCom за софтверската апликација за анализа и извештај на инсталираниот софтвер во рамките на персоналниот компјутер ги побара локалната канцеларија на Microsoft во Босна.
Веќе е потпишан иницијалниот договор за соработка и во фаза на изработка е локализираното решение на софтверот кој е од офромна помош во борбата против користењето на нелегален софтвер.
Соработка со Microsoft - Србија - Јануари 2011
MediaDotCom склучи договор за соработка, изработка и локализација на веќе етаблираниот софтвер за анализа на инсталираните програми во склоп на персоналниот компјутер.
Веќе докажаниот софтвер за оваа намена кој одлично функционира, а воедно одобрен од Microsoft - Македониа како и глобално од корпорацијата Microsoft, беше причина да истиот биде побаран од страна на локалните канцеларии на Microsoft во соседна Србија.
MediaDotCom го испорача софтверското решение наменето за Србија кое веќе одлиќно функционира на терен.
MediaDotCom партнер на локаланата канцеларија на Microsoft во кампањата против употребата на нелегален софтвер - Декември 2010
MediaDotCom како компанија и партнер во Microsoft мрежата е избрана од страна на локалната канцеларија на Microsoft за изработка на наменско софтверско решение кои ќе биде дадено на употреба на службите за заштита на интелектуалното право и сопственост.
Договоророт за соработка е веќе потпишан и се очекува првичните бета верзии на ваквата софтверска апликација да бидат доставени до локалната канцеларија на Microsoft на тестирање и евалуација.
Развој на специјализирани апликации за материјално, финансово и магацинско работење. - Ноември 2010
MediaDotCom започна со изработка на софтверско решение за материјално и финансово работење. Дополнително е предвидено софтверот да поседува и дополнителни модули како на пример:
модул за магацинско работње
модул за менаџирање и преглед на човечки ресурси
модул за евиденција и контрола на работно време
модул за пресметка на плати
и многу дополнителни модули кој сеуште е рано да ги откриваме.
Новиот производ е предвиден да се појави во продажба кон крајот на првата половина од 2011 година и ќе биде доставен со две верзии: Десктоп софтверско решене и online решение хостирано во нашите дата-центри или по желба кај клиентот.
MediaDotCom и надвор од Македонија. Расте бројот на компаниите кои ги користат нашите услуги. - Октомври 2010
Се поголем е бројот на компаниите кои ги користат нашите услуги. А кога зборуваме на оваа теме, тоа не се само комании од нашите простори туку и компании од соседните земји и пошироко.
Започнати се иницијални преговори со неколку компании од соседството за проекти и услуги од областа на информатичката технологија.