Организацијата на Вашите референци и презентацијата на Вашата работа на посетителите на Вашата страна не била никогаш поедноставна. Плагинот Референци комбинира широка палета на функционалности и опции со лесно користење на истите.
Може да се дефинираат неограничен број на референци со различна содржина кои може да се постават на кое било место на страната. Додавањето и уредувањето на референци е брзо и интуитивно.
Имплементирано е страничење на записите, а големината на страната е конфигурабилна. Во мени секцијата е овозможен избор на мени темплејт (топ мени, топ мени со елементи, под-елемент во мени или единечен линк).
Сортирањето е истотака конфигурабилно, може да се избере редот на сортирање (датум на креирање или реден број на приказ) и насоката (опаѓачка и зголемувачка).
Текстот кој се прикажува во менито е променлив и може да се локализира, исто како и описот во заглавието и подножјето, за секоја инстанца на референца.
Овој плагини е целосно локализибилен. За полесно прилагодување на различни јазици, во администрацијата е прикажана листа на потребните јазични ресурси.
Локализацијата на содржината е развиена во согласност со препораките од nopCommerce.
- Лесен за инсталација и конфигурација преку nopCommerce Admin панелот.
- Предефинирани или custom widget зони - секој инстанца на референци може да биде додадена во било која зона.
- Поддршка за повеќекратни инстанци со различна содржина.
- Можност за било каква употреба покрај презентација на референци.
- Сите view-a кои се користат во презентацискиот дел се достапни, така што постои можност за промена на дизајнот и функционалностите за да одговараат на Вашата постоечка апликација.
- Разни прилагодувања на изгледот и ефектите за анимација.
- Вклучува 1 година бесплатна поддршка и 1 година бесплатни надоградувања.
- Развиен во согласност со технолошките стандарди и насоки за кодирање на nopCommerce и Microsoft.
- Тестиран со сите главни прелистувачи.
Форум
Вклучете се! Дискутирајте и споделете ги Вашите искуства
тука.
Поддршка
Поставете прашања или пријавете проблеми на нашиот Help Desk.
Дознајте повеќе
Научете нешто повеќе за плагинот Слајдер и останатите производи од MediaDotCom Knowledge Base.