Овој додаток за SharePoint им нуди на администраторите целосна ревизорска функционалност, односно преглед на информации за сите SharePoint библиотеки и документи. Акциите како пристап, менување или check-in/out на библиотеките и документите, кои се зачувани од страна на SharePoint Logging сервисот, се презентирани на погоден начин, со што се овозможува на администраторите лесен пристап до информацијата која им е потребна.
Ревизијата е имплементирана на три нивоа: сајт, библиотека и документ. Изборот на ревизија на сајт ги прикажува сите акции извршени од страна на секој корисник низ сите локации. Опцијата за ревизија на библиотека го прикажува дневникот асоциран со одредена библиотека, додека ревизијата на документ прикажува информации за избраниот документ.
Зачуваните информации ги содржат типот на акцијата (настанот), датумот кога се случил, типот на објектот (листа или документ), локациската патека, како и корисничкото име на корисникот кој го предизвикал настанот.
- Едноставен за инсталација и конфигурација.
- Ревизија на три нивоа на листи и документи..
- Интегриран во Site Actions менито и SharePoint ribbon.
Форум
Вклучете се! Дискутирајте и споделете ги Вашите искуства
тука.
Поддршка
Поставете прашања или пријавете проблеми на нашиот Help Desk.
Дознајте повеќе
Научете нешто повеќе за Ревизискиот дневник и останатите производи од MediaDotCom Knowledge Base.