Опрема

  • Систем администрација

    Администратор на системот, или систем администратор, е лицето кое е одговорно за одржување, конфигурирање, и обезбедување на сигурно функционирање на компјутерските системи. Особено мулти- кориснички или персонални компјутери, како и сервери, и периферни уреди. Одговорностите на администраторот на системот и компјутерска мрежа често се преклопуваат. Сепак работата на администраторот на системот е повеќе насочена кон компјутерски хардвер, а помалку на мрежата. Иако во многу случаи, системот и мрежната администрација се едно исто, особено во помалите компании. Администраторот на системот има за цел да осигура навремено : безбедност, перформанси , ресурси, како и непречена работа на компјутерите во установата или помала фирма за да ги задоволи потребите на корисниците, без пречекорување на буџетот. За да се задоволат овие потреби, администраторот на системот може да се здобие со право на, инсталација или надградба на компјутерски компоненти и софтвер, обезбеди рутинска автоматизација, како и одржување на безбедносни политики на таа установа, или врши надзор на персоналот, како и да понуди техничка поддршка за проектите и дејностите на вработените на таа установа.