Close

Одредби за Јавен Простор за Дискусија (Форум)

Сите содржини, информации и мислења (колективно, "материјал") објавени на MediaDotCom Јавниот простор за Дискусија на http://www.mdc.mk (на "Јавен простор за Дискусија") се оние на самите автори кои ги претставиле овие мислења и пораки (колективно, "учесници"), а не на MediaDotCom.

MediaDotCom не гарантира за сигурноста, комплетноста, точноста, навременоста или до-датум прецизноста на материјалот презентиран на Јавниот простор за Дискусија. Материјалот е објавен "како што е" и не ги претставува официјалните ставови и мислења на MediaDotCom.

Секое прифаќање на материјалите презентирани во овие форуми се на ризик на самиот Корисник. MediaDotCom не ја разгледува суштината на содржината, објавена од корисниците на овие форуми и поради тоа не е одговорна за истата. MediaDotCom само обезбедува јавен простор за своите корисници да можат да ги искажат своите мислења, како и да разменуваат мислења со другите корисници.

ЗАБЕЛЕЖЕТЕ ДЕКА со објава на содржина од страна на корисник на Јавниот простор за Дискусија, корисникот ги предава авторските права на објавената содржина на MediaDotCom. Секоја поттикнувачка или непоттикнувачка идеја, сугестија или коментар кој е спомнат во дискусиите на форумот, станува интелектуална сопственост на MediaDotCom и може да биде употребена во некој од производите или услугите на MediaDotCom без потврда за достигнување или било каков финансиски надомест на креаторот на идејата.

Следните предупредувања и услови за користење се однесуваат генерално на сите содржини објавени во Јавниот простор за Дискусија на MediaDotCom.

Исто така со ова се подразбира дека секое лице кое објавува содржини на Јавниот простор за Дискусија на MediaDotCоm е запознаен со општите предупредувања и услови за користење на Јавниот простор за Дискусија.

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ: Вие како корисник сте целосно одговорни за содржините кои ги објавувате на форумот на MediaDotCom. Подолу се наведени некои, но не сите, навреди или повреди, кои доколку се спомнати во вашата содржина, MediaDotCom има право да ја избрише вашата содржина. Се согласувате дека нема да направите било која од следниве постапки додека објавувате содржина на форумот на MediaDotCom: (1) малтретирање, закани, јавно посрамотување, навреда или клевета било да се однесува на физичко или правно лице, (2) нема да пренесувате преку MediaDotCom информации, податоци, текст, слики, линкови, софтвер, разговор , комуникација или други материјали ("Содржина"), кои MediaDotCom ги смета за незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, малтретирачки, клевети, вулгарни, недолични, омраза, расни, етнички или на друг начин непристојни; (3) претставување во форумот на MediaDotCom некој бизнис или лице , жив или мртов, познат или сеуште не; (4) нарушување на нормалниот тек на дијалогот во Јавниот простор за Дискусија или на било кој друг начин да делувате негативно на другите корисници; (5) објавувате или пренесувате покани за рекламни, промотивни материјали, или било која друга форма на покана и (6) намерно или ненамерно да ги прекршите локалните, државните, националните или меѓународните закони, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сите прописи кои имаат сила на закон додека го користите Јавниот простор на Дискусија на MediaDotCom или било која услуга на MediaDotCom на било кој начин.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ: Се согласувате дека нема да прикачувате или објавувате содржина на Јавниот простор за Дискусија на MediaDotCom и на форумите кои ги нарушуваат правилата за патенти, трговските правила и тајни, авторските права или било кои други права на сопственост (“Права“) на било која странка. Виe сами потврдувате дека имате право да ја објавувате содржината која ја поставувате на Форумите на MediaDotCom и за евентуалните последици Вие сносите одговорност.

СОДРЖИНА: Мора да го оцените и сносите ризикот поврзан со точноста, комплетноста или корисноста на содржината. MediaDotCom нема да биде одговорна за објавената содржина. MediaDotCom не врши претходно прегледување или мониторирање на содржината, но MediaDotCom ќе има право, не и задолжение, да ја отстрани содржината доколку за истата процени дека е дискретно штетна, навредлива или доколку на било кој друг начин ги прекршува правилата од овој Договор, националните или меѓународните закони или било кои други закони и правила кои ќе бидат поставени од MediaDotCom во тој момент. MediaDotCom може да избере да следи некои, сите или ниедна содржина од Форумот на MediaDotCom за да утврди дали се почитуваат овие правила.
Некои надлежности не ги спроведуваат горенаведените правила, како такви, тие нема да се однесуваат на вас. Во таков случај, доколку некоја одредба од овој правилник биде одбегната или неважечка, останатите одредби нема да бидат на никаков начин засегнати или избегнати.

ШТО ДА СТОРИТЕ: Ако сте сведоци на објавување на содржина која ги прекршува овие услови, напишете е-маил и идентификувајте го лието кое објавува невредливи содржини, копирајте ги релевантните содржина и пратете ги на е-маил ForumAdmin@mdc.mk. MediaDotCom не може да гарантира дека некоја акција ќе биде преземена како резултат на вашата е-маил порака. Ве молиме одвреме навреме посетувајте ја оваа страна со Јавни одредби, во случај да има обновени одредби.

Билтен
Email:
MediaDotCom @Twitter