MediaDotCom е IT компанија од Република Македонија. Нудиме широка палета на услуги: развој на веб-решенија и апликации, развој за мобилни платформи, системска интеграција, планирање и развој на мрежна инфраструктура, графички дизајн и печатење, хостинг, консалтинг и обука, оптимизација на пребарување (SEO), SMS маркетинг итн.
MediaDotCom располага со сертифицирани професионалци од сите IT сегменти: веб-консултанти, креативни дизајнери, искусни програмери, агенти за веб-маркетинг итн. Тим кој ги реализира сите барања на клиентот.
Нашиот деловен пристап нè разликува од останатите IT компании.
За краток временски период достигнавме репутација на уникатна IT компанија која испорачува одлични веб-апликации, корисни и автоматизирани софтверски апликации и услуги, стабилни и професионални хостинг услуги, како и мрежна инфраструктура која ги задоволува највисоките стандарди.